Најмалку 12 лица, меѓу кои седум деца, се повредени кога делумно се сруши покривот на училиште во паркот Оукленд на Флорида, пренесуваат светските медиуми.
Повеќе од 200 студенти и ученици беа евакуирани по инцидентот, пренесуваат агенциите.
Петмина од повредените биле пренесени во болницата.
Властите изјавија дека директорот на училиштето слушнал два силни удари, а потоа откриле дека покривот над центарот за медиуми делумно се срушил.
Полицијата истражува како се срушил покривот.