Повеќе од 3,5 милиони заразени со коронавирус и повеќе од 78.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот во изминатата недела, што покажува пад од 15 проценти во двете категории, според неделниот билтен на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева.
„Бројот на ноозаразени и починати од Ковид-19 продолжува да опаѓа со повеќе од 3,5 милиони новозаразени и 78.000 смртни случаи пријавени ширум светот минатата недела, што е пад од 15 проценти и седум проценти во секоја од овие две категории во споредба со минатата недела“, наведува Агенцијата за јавно здравје на ООН во својот неделен епидемиолошки извештај.
Најголем број заразени минатата недела се регистрирани во Индија (1,3 милиони новозаразени), потоа во Бразил (над 420.000 заразени), Аргентина (повеќе од 219.000), САД (повеќе од 153.000) и Колумбија (над 150.000), Иран (повеќе од 69.000), Русија (повеќе од 61.000), Франција (повеќе од 60.000), Турција (повеќе од 57.000), Непал (повеќе од 47.000), Чиле (повеќе од 46.000) и Индонезија (повеќе од 39.000).