СЗО: Во Северна Кореја нема ниту еден случај на коронавирус

пред 4 години

Во Северна Кореја не се пријавени случаи на коронавирус, според последниот извештај на Светската здравствена организација.

Досега во таа земја биле тестирани 10.462 лица, а до 29 октомври никој не бил позитивен на коронавирусо, а биле идентификувани 5.368 лица осомничени за ковид-19, од кои осум биле странци, пренесува „Јонхап“.

Северна Кореја тврди дека е држава без коронавирус, меѓутоа, таа релативно брзо започна кампања на самиот почеток на пандемијата, затворајќи ги своите граници и засилувајќи ги карантинските мерки.

Share
Scroll to Top