СЗО: Млади и здрави луѓе ќе мора да почекаат за вакцинацијата против коронавирусот

пред 4 години

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) Сумја Сваминатан изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против коронавирус.

Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред за вакцината се постарите лица.

„Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година“, рече Сваминатан, пренесува „Гардијан“.

Таа предупреди дека и покрај тоа што бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, расте бројот на пациенти кои се сместени во одделенијата за интензивна нега.

„Зголемувањето на смртноста секогаш заостанува неколку недели зад зголемувањето на бројот на случаи на инфекција“, објасни Сваминатан.

Share
Scroll to Top