СЗО: Нема докази дека новиот вид на коронавирус предизвикува потешки симптоми

пред 3 години

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека нема докази дека мутираниот вид на коронавирус ја отежнува болеста и предизвикува потешки симптоми, иако е позаразен.

Марија ван Керкове, техничка директорка на СЗО за Ковид-19, вели дека научниците ја анализираат реакцијата на антителата кон мутацијата на вирусот.

Токму кога почетокот на вакцинацијата во неколку земји внесе доза на оптимизам, беше откриен нов вид на коронавирус на југот на Англија, кој ја загрижи јавноста.

Британскиот професор по медицина на Универзитетот во Ливерпул и член на советодавно тело за итни ситуации во владата на Велика Британија, Калум Симпл, процени дека новиот вид на коронавирус што се шири во Велика Британија очигледно ќе стане доминантен во целиот свет.

Во интервју за „Скајњуз“, тој рече дека новиот вид може да се шири побрзо кај човечката популација, така што ќе ги потисне другите видови на вирусот и природно ќе стане доминантен, објави лондонски „Гардијан“.

„Колку повеќе расте стекнатиот колективен имунитет, толку посигурна ќе биде појавата и развојот на нови видови на коронавирус. Тоа не е изненадување за нас затоа што секоја година се бориме против вирусите“, истакна професорот Симпл.

Share
Scroll to Top