Силен земјотрес на границата меѓу Монголија и Русија

пред 4 години

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на границата меѓу Русија и Монголија, објави германскиот Истражувачки центар за геолошки науки. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Епицентарот бил на 277 километри југозападно од Ангарск во сибирскиот регион.Тасс известува дека не е пријавена штета.

Share
Scroll to Top