Словенија размислува за олеснување на мерките

пред 2 години

Поради неколкудневниот тренд на подобрување на епидемиолошката состојба, словенечката влада во вторник со епидемиолозите ќе разговара за можното олеснување на мерките.

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 7.330 инфекции со коронавирус, што е нешто помалку од претходниот ден кога беа регистрирани 7.514, но и 4.178 помалку случаи во однос на состојбата пред седум дена, објави словенечката влада.

„Ќе разговараме за прилагодување на мерките на ситуацијата, бидејќи епидемиолошката слика може повторно да се влоши“, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар.

Како што рече, новите мерки што ќе ги одреди Владата треба да бидат „двонасочни“, во зависност од временските услови и ширењето на вирусот и од можните нови мутации.

На тој начин би можело да се направат отстапки, но и да се заострат ограничувањата во наредните месеци.

Поклукар не сакаше да зборува за какви конкретни мерки ќе одлучи владата следната недела, велејќи дека експертите треба да излезат со предлози.

Share
Scroll to Top