Се уште не е јасно како е убиен Денис Киреев Борисович, член на украинската делегација во преговорите со Русија.
Генералниот директорат за разузнавачки работи (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина потврди дека Киреев починал „за време на специјална задача“. Таа информација е објавена во саботата на Фејсбук страницата на Генералниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.
Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека убиството на Киреев нема никаква врска со работите на делегацијата, пренесува „Телеграф“.
„ Пукањето нема врска со работата на делегацијата. Беше надвор од преговарачкиот процес, беше во Киев и таму избувна еден вид конфликт“ рече Подољак, кој не објасни за каков конфликт се работи.
#BREAKING: Denis Kireev, a member of Ukraine’s negotiating team with Russia, who was killed today, was a Ukraine intel officer and was killed during an operation – Ukraine’s military intelligence https://t.co/9LRvHpcH30 pic.twitter.com/0X9W8EX2GT
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) March 5, 2022
Украинските медиуми во саботата објавија дека Киреев, член на делегацијата на Киев во првите преговори со Русија минатата недела, бил убиен откако бил уапсен од Службата за безбедност на Украина. Тогаш беше напишано дека тој наводно е обвинет за шпионажа.
Но, таа информација не беше официјално потврдена, а подоцна во текот на денот Генералниот директорат соопшти дека тој починал при специјална задача.