Спречен обид за киднапирање патнички авион во Иран

пред 4 години

Иранската револуционерна гарда соопшти дека иранските власти го спречиле обидот за киднапирање патнички авион за време на летот претходната ноќ, без да наведат детали за инцидентот.

Обидот за киднапирање се случил во авионот „Фокер 100“ на компанијата „Иран ер“ на лет од градот Ахваз на југозападот на земјата кон Машхад на северозапад, пренесува АП.

Во соопштението на гардата не се прецизира идентитетот на киднаперот, но се вели дека тој се обидел да го пренасочи летот кон јужниот брег на Персискиот Залив.

Поради инцидентот во кој никој не е повреден, авионот принудно слетал во Исфахан, во централниот дел на Иран.

Share
Scroll to Top