Во Србија продолжува потрагата по Матеј Периш (27), сплиќанецот кој на 31 декември минатата година рано утрото исчезна во Белград.
Милош Станимировиќ од одделението за потраги на српското МВР за РТС изјави дека секојдневно добиваат по десетина пријави или дојави дека Матеј Периш некаде бил виден.
„Апсолутно сме должни да одговориме на секоја пријава. Ние ја проверуваме секоја дојава. Значи, ако се пријави дека Матеј е виден на одредена локација, ќе извршиме теренска проверка, ќе интервјуираме неколку лица, но досега немаме дојдено до некоја нова информација од таквите пријавиу“, објаснува Станимировиќ.
Тој додава дека по Матеј се трага од денот кога била поднесена пријава за неговото исчезнување.
„Од денот кога е поднесена пријавата за исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш се трага по него. Утврдена е рутата на движење и на самиот Матеј и на друштвото со кое дошол во Белград, од Загреб до Белград. Извршени се теренски проверки во апартманите каде престојувале, местата што ги посетиле и кафулињата“, наведе Станимировиќ.