Талибанците им забранија на жените да патуваат без придружба

пред 3 години

Талибанците објавија дека жените кои сакаат да патуваат на долги релации мора да бидат придружувани од маж од блиско семејство, што е нов знак за воведување построги политики и покрај првичните ветувања.

Препораката која ја издаде Министерството за промовирање доблест и спречување на пороците и која кружи на социјалните мрежи, исто така, ги повикува возачите да не примаат жени кои не носат исламски превез во своите возила.

„ Жените кои патуваат повеќе од 72 километри не можат да одат без придружба на близок член на семејството“, изјави за АФП портпаролот на министерството Садек Акиф Мухаџир, додавајќи дека придружникот мора да биде маж.

Директивата дојде неколку недели по барањето на министерството до авганистанската телевизија да престане да емитува серии или фељтони во кои играат жени и да се погрижи водителките да носат исламски превез.

Талибанците не прецизираат што подразбираат под исламски превез и дали тоа е само шамија, која веќе ја носат повеќето Авганистанки, или превез што покрива повеќе.

Share
Scroll to Top