Тинејџер од Србија предизвика пожар во Виена

пред 3 години

Тинејџер по потекло од Србија и уште двајца пријатели решиле да ги пробаат петардите што ги купиле за да ја дочекаат Новата година, а како место каде што ќе можат да ги пробаат избрале трговски центар во Виена.

Тие, наводно, во неделата околу 16.45 часот подметнале петарди од кои настанал поголем пожар, при што експлодирала правосмукалка која морала да ја изгаси противпожарната служба, а пожарот ги оштетил и околните ѕидови, пренесува Телеграф.

Виенската полиција ги предупреди сите за забраната за употреба на петарди и неправилна употреба на огномет за време на новогодишната ноќ. Повеќето пиротехнички несреќи се предизвикани од неправилна употреба.

Посебно е забрането користење пиротехнички средства донесени од странство, кои претставуваат посебен ризик бидејќи не ги поминале сите потребни контроли за квалитет.

Во случај на прекршување на одредбите од законот за пиротехника се пропишува глоба до 3.600 евра.

Share
Scroll to Top