Претседателот на Казахстан, изјави дека повлекувањето на мировниот контингент на ОДКБ од таа земја ќе започне за два дена и нема да трае повеќе од 10 дена.
„Главната мисија на мировните сили на ОДКБ е успешно завршена, а за два дена ќе започне етапно повлекување, кое нема да трае повеќе од 10 дена“, рече Токаев во обраќањето пред парламентот.
Тот изјави дека ситуацијата во сите делови на земјата е стабилна и повтори дека против Казахстан е започната терористичка војна со воени, политички и идеолошки средства.