Трамп помилува 143 лица, меѓу кои и поранешниот советник Стив Бенон

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот советник Стив Бенон како дел од последната акција за помилување, во која беа опфатени 143 лица.

Во вторникот, повеќето американски медиуми рекоа за Бенон дека има многу малку шанси да биде помилуван, меѓутоа, тој беше ослободен откако беше уапсен во август под обвинение за проневера на пари од донатор за изградба на ѕид на границата со САД и Мексико.

Меѓу помилуваните се и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, потоа финансиерот на кампањата на Трамп, Елиот Бројди, кој призна дека незаконски лобирал во американската влада да ја прекине истрагата за скандалот со корупција во Малезија, а тука е и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој служеше 28-годишна затворска казна за корупција, објави „Гардијан“.

Белата куќа го објави списокот на лица кои беа помилувани нешто по полноќ.

Share
Scroll to Top