Турската МХП повика на активирање на С-400 откако САД го признаа геноцидот врз Ерменците

пред 4 години

Лидерот на турската десничарска партија Националистичко движење (МХП), Девлет Бахчели, ја повика владата да ги стави на борбена должност системите за противвоздушна одбрана С-400 произведени во Русија како одговор на официјалното признавање од страна на американскиот претседател Џо Бајден на масакрот врз Ерменците во Отоманската империја  во 1915 како геноцид, пренесува „Анадолија“.

„Според Член 11 од Универзалната декларација за човекови права, Бајден изврши кривично дело поттикнување омраза. Како одговор, нашата прва задача треба да биде да го активираме С-400 и да бараме враќање на парите за Ф-35. За нас , односите со САД сега се на историска раскрсница “, рече Бахчели.

МХП е во коалиција со владејачката Партија на правдата и развојот.

На 24 април, Денот на сеќавањето на Ерменците, Бајден рече дека „американскиот народ ги почитува сите Ерменци кои загинаа во геноцидот пред 106 години“.

Анкара, која негира дека извршила геноцид, ја осуди изјавата и го повика Бајден да ја повлече заради промовирање на мирниот соживот на народите во регионот.

 

 

Share
Scroll to Top