Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција

пред 3 години

Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција – меѓународен договор насочен кон справување со насилството врз жените, што турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, го објави во март.

За денеска се најавени протести ширум Турција.

„Ние ќе ја продолжиме борбата“, рече претседателот на Федерацијата на здруженија на жени на Турција, Канан Гулу, додавајќи дека одлуката на Ердоган и’ штети на Турција.

Според Истанбулската конвенција, потписниците се обврзаа во 2011 година да спречат семејно насилство, да ги гонат неговите сторители и да промовираат еднаквост.

Одлуката за повлекување предизвика осуда од Соединетите држави и Европската унија.

Се тврди дека во текот на изминатите пет години во Турција, во просек, една жена го губи животот секој ден поради семејно насилство.

Бројни конзервативци во Турција, како и партијата на Ердоган, велат дека Истанбулската конвенција се заканува на семејната структура која го штити општеството како целина, а исто така тврди дека ја промовира хомосексуалноста, барајќи отсуство на дискриминација заснована на сексуална ориентација.

Share
Scroll to Top