Уапсен Германец, снимал голи деца на плажа во Ровињ, во мобилниот биле пронајдени слики и снимки

пред 3 години

Полицијата во Истра уапси 42-годишен Германец, обвинет за сторено кривично дело искористување на деца за порнографија со снимање и фотографирање голи деца на плажа во Ровињ, објави денеска полицијата.

Службите во Ровињ постапиле по дојава и уапсиле маж кој снимал и фотографирал голи деца на плажа во туристичкиот камп во Ровињ.

Конфискувани му се два мобилни телефони во кои при претресите биле пронајдени снимки и фотографии со инкриминирачка содржина. По завршување на кривичната истрага, осомничениот бил однесен во притвор.

Share
Scroll to Top