Припадник на руската армија е уапсен во областа Воронеж под сомнение дека работел за украинската разузнавачка служба, соопшти денеска Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Тој е обвинет за велепредавство, пренесува РИА Новости.
Федералната служба за безбедност прецизираше дека истрагата утврдила дека тој им предал информации за руската армија на украинските специјални служби, чие протекување може да ја оштети одбранбената способност на државата.