Украинската пошта планира наскоро да издаде посебна поштенска марка, која ќе го одбележи успехот постигнат на Евровизија, пишуваат медиумите во регионот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
За дизајнот на поштенската марка ќе одлучува уметничкиот одбор, напишал на Фејсбук првиот човек на Украинската пошта Игор Смељански и додал дека се надева дека се ќе се одвива со забрзано темпо.
И успехот на последните две украински победници на Евровизија, пејачките Руслана и Џамала, беше одбележан со издавање на пригодни поштенски марки, пишуваат медиумите.
Неодамна украинската пошта издала марка посветена на украинските војници на Змискиот остров во Црното Море, кои одбија да се предадат на екипажот на руски воен брод.
Смељански објави скица за новата марка на која треба да пишува „Помогни му на Мариупол – Помогни му на Азовстал“.
Од бендот неодамна изјавија дека имаат намера да го продадат својот трофеј од Евровизија на аукција и да ги донираат сите приходи од продажбата на Украина и на украинските вооружени сили.
Украинските власти ветија дека земјата ќе биде домаќин на натпреварот следната година, без оглед на војната, е истакнато во новинарските извештаи.
Во моментов, како што анализираат, Украина не би можела да реализира ваков настан поради вонредната состојба во земјата. На сила е ноќниот полициски час, а на вооружениот конфликт со Русија, како што пишуваат, не му се гледа крајот.