Украинската служба за безбедност (СБУ) му даде рок на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, до 20 јули да се јави во главната управа на таа служба за регионите Доњецк и Луганск за понатамошно процесуирање.
Според украинскиот весник „Главком“, рускиот министер е обвинет дека меѓудругото е одговорен и за формирање на нелегални вооружени формации.
Поканата за Шојгу е потпишана од Тарас Бутенко, виш инспектор на главната администрација на украинската служба за безбедност.
Сепак, руските медиуми јавуваат дека ова не е прв пат украинската безбедносна служба да сака да гони високи руски функционери и потсетува дека во 2016 година, на пример, украинското државно обвинителство објавило дека има намера да уапси 18 високи руски официјални лица, вклучувајќи го и Шојгу.
И претходно имало такви случаи, но сепак, сè останало на хартија и немало вистински последици.
Москва веднаш одговори
Киев живее во паралелна реалност, а крајниот рок што украинската служба за безбедност (СБУ) му го даде на рускиот министер е комичен, оцени рускиот сенатор Алексеј Пушков.
„Во Киев живеат во сопствената виртуелна реалност… не разбирајќи ја целата комедија и фарса во тој повик. Тие се занимаваат со имитација на некаква политика во услови на целосно отсуство на политика“, додате тој.