Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

пред 3 години

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина, изјави министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников.

Како што наведе, податоците со кои располага украинската разузнавачка служба, службите на земјите партнери на Киев, покажуваат дека состојбата е иста како и во пролетта минатата година.

– Значи, како што сега стојат работите, не е формирана ударна група на руските вооружени сили, што би укажало дека тие утре ќе тргнат во офанзива – изјави Резников.

Тој нагласи дека има ризични сценарија и дека тие се можни во иднина.

– Но, денес таква демонстрација, таква закана не постои – нагласи Резников.

Министерот нагласи дека не го „ценел многу“ сценариото за можна руска офанзива на 20 февруари, за кое разговарал командантот на операцијата на здружените сили на Украина, Александар Пављук.

– Нашите вооружени сили, нашата команда, Генералштабот ги разработија сите сценарија на најлошите опции за да знаат што да прават во случај на офанзива – објасни Резник.

Share
Scroll to Top