Јужниот пристанишен град Одеса беше погоден во текот на ноќта во воздушен напад, изјави претставник на воената управа на Одеса.
„Неколку проектили погодија еден од окрузите на Одеса, еден објект е погоден“, изјави портпаролот на оперативниот штаб на воената управа на Одеса, Серхи Брачук, пренесува Си-Ен-Ен.
Руските сили погодиле складиште за гориво во Одеса, рано во неделата.
Брачук рече дека нема жртви во инцидентот.