Украинците тврдат дека убиле уште еден важен чиновник во руската војска

пред 3 години

Украинската војска на „Твитер“ објави дека е убиен уште еден важен руски командант.

„Украинските војници го елиминираа командантот на 331. воздушно-десантен полк на руската армија, полковник Сергеј Сухарев.

Учествувал во битката кај Иловајск во 2014 година, каде извршил воено злосторство. Конечниот суд наскоро ќе ја објави својата пресуда“, се вели на твитер профилот на украинската армија.

Украинците тврдат дека убиле и четворица руски генерали.

Последниот убиен генерал, кој се уште не е официјално потврден, беше Олег Митјајев. Според Украинците, тој бил убиен во близина на Мариупол.

Share
Scroll to Top