Унгарска министерка: ЕУ не напаѓа бидејќи заштитата на семејството ни е приоритет

пред 3 години

Невидените напади на Брисел врз Унгарија следеа само затоа што заштитата на децата и семејствата останува наш приоритет.

Ова денеска го објави унгарската министерка за правда, Јудит Варга, на Фејсбук и изјави дека нападот се случил затоа што не се подготвени да дозволат ЛГБТ лобито да влезе во училиштата и градинките.

„Владата во Будимпешта, исто така, одговори на непристојните напади, како и на извештајот на Комисијата за владеење на правото“, додаде таа во објавата а истата ја пренесуваат унгарските агенции.

“Имавме многу спорови со институциите во Брисел пред официјално да ги решиме со точно одговарање на сите прашања. Ги решивме сите сомнежи, згора на тоа, секогаш се придржувавме до договорот”, напиша таа.

Варга посочува дека изворите во извештајот на ЕК се еднострани и политички пристрасни, и дека извештајот одразува двојни стандарди кон Унгарија, поради што, како што вели, наодите во него се неточни. Исто така, забележува дека извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2021 година е уште една алатка за политички притисоци.

Share
Scroll to Top