Уште двајца британски платеници заробени во Украина, им се заканува смртна казна

пред 2 години

Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) подигнаа обвинение против двајца британски платеници, со истите обвинувања како и претходно кога тројца странци беа осудени, јавува Доњецка новинска агенција, повикувајќи се на неименуван извор.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Се вели дека двајцата Британци се соочуваат со можна смртна казна што би можело да се протолкува како обид да се изврши притисок врз западните земји.

Британците Ендру Хил од Плимут и Дилан Хили од Хантингдон се обвинети за „насилно преземање власт“ и за „терористичка обука“, наведува агенцијата.

Минатиот месец властите во Доњецк осудија на смрт двајца Британци и еден Мароканец поради истите обвиненија.

Не е познат денот кога треба да биде објавена казната, а Британците имаат можност за жалба на пресудата.

Share
Scroll to Top