Француска фрегата навлезе во Црното Море и нејзиното движење го надгледува руската Црноморска флота, соопшти Националниот центар за одбранбена контрола.
„Силите на Црноморската флота почнаа да ја следат ракетната фрегата на француската морнарица Оверњ, која навлезе во Црното Море“, беше соопштено во Националниот центар, кој е дел од Министерството за одбрана на Русија, пренесуваaт руските агенции.
Движењето на француската фрегата се совпаѓа во исто време со растечките тензии меѓу Украина и Русија, анализираат медиумите.