Хамас ослободи брат и сестра,  дури по излегувањето дознале дека нивната мајка е убиена

Хамас ослободи брат и сестра, дури по излегувањето дознале дека нивната мајка е убиена

пред 1 година

Ноам и Алма Ор беа заробени 50 дена во Газа.

Тие според нивните раскажувањам постојано размислувале како откако ќе бидат ослободени ќе ја видат својата мајка од која биле разделени на 7 октомври за време на нападот на Хамас.

Но, кога Ноам (17) и Алма (13) биле ослободени во саботата, дознале дека нивната мајка е убиена.

„Мојата сестра, нивната мајка, беше убиена на 7 октомври. Децата не го знаеја тоа. Мислевме дека се киднапирани заедно, но не, тие беа разделени од почетокот“, изјави нивниот вујко Ахал Бесораи за Си-Ен-Ен.

„Кога ја преминаа границата и повторно ги видоа нивната баба и постариот брат, дознаа дека нивната мајка веќе не е жива. Тоа беше многу трауматично за нив. Нивниот татко е исчезнат, веруваме дека е приведен во Газа“, додаде тој.

Текстот Хамас ослободи брат и сестра, дури по излегувањето дознале дека нивната мајка е убиена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top