Хрватскиот премиер во самоизолација, заразена е неговата сопруга

пред 3 години

Откако добила лесна треска, сопругата на хрватскиот премиер Ана Маслаш-Пленковиќ, се тестирала за присуство на коронавирус во саботата, а нејзиниот тест е позитивен, објави хрватската Влада.

Како резултат на тоа, премиерот Андреј Пленковиќ е исто така тестиран за присуство на коронавирус, но неговиот тест е негативен. На хрватскиот премиер му е изречена епидемиолошка мерка за самоизолација од 10 дена.Тој ќе продолжи да ги извршува своите активности и обврски од дома, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top