Црна Гора не може да чека, кинеската вакцина добива итно одобрување

пред 4 години

Црногорскиот институт за лекови и медицински помагала наскоро ќе издаде итно одобрување за кинеската вакцина на „Синофарм“, изјави Жељка Божовиќ од Институтот за лекови.

Таа рече дека не се знае точно кога вакцините на „Синофарм“ ќе пристигнат во Црна Гора.

Божовиќ потсети дека итно е одобрена руската вакцина „спутник В“, додавајќи дека „Оксфорд“ / „Астра зенека“ е во процес на регистрација и треба да пристигне во Црна Гора преку системот Ковакс.

Меѓутоа, ако овие вакцини бидат достапни порано, тие исто така ќе бидат одобрени веднаш.

Share
Scroll to Top