11.000 војници ќе парадираат на Денот на победата во Москва

пред 2 години

На полигонот Алабино кај Москва денеска се одржа проба на воената парада по повод Денот на победата, која традиционално ќе се одржи на 9 мај на Црвениот плоштад во руската престолнина.

Годинава 11.000 војници ќе учествуваат на Парадата на победата на Црвениот плоштад, соопшти руското Министерство за одбрана. На парадата ќе бидат претставени 131 единица модерно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери, пренесува РИА Новости.

Меѓу другото, на парадата ќе бидат претставени оклопните противмински возила „Тајфун“, оклопни борбени возила БМП-2, БМП-3 и Курганец-25, тенкови Т-72БЗМ, Т-90М Пробој и Т-14 Армата, како и ракетниот систем Искандер-М и хаубици.

Во ешалонот ќе бидат вклучени и системи за противвоздушна одбрана Тор-М2, Бук-М3 и С-400 Триумф.

Share
Scroll to Top