Црногорец фатен со повеќе од 22 килограма марихуана во „ауди“

Црногорец фатен со повеќе од 22 килограма марихуана во „ауди“

пред 12 месеци

Сплитската полиција приведе црногорски државјанин кај кого биле пронајдени 22 килограма марихуана, соопшти сплитско-далматинското Јавно обвинителство.

Полициски службеници на службата за криминал со дрога ја завршија кривичната истрага против 60-годишен државјанин на Црна Гора поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и тргување со дрога.

Имено, вчера, околу 14 часот, сопрено е возило „ауди А6“, управувано од споменатиот 60-годишник, при што, по судска наредба, извршен е претрес на возилото и во посебен простор се пронајдени 20 ПВЦ-пакувања со вкупно 22.480 грама марихуана.

60-годишниот маж е приведен.

Текстот Црногорец фатен со повеќе од 22 килограма марихуана во „ауди“ е превземен од МАКФАКС.