Размерите на уништувањето на украинскиот град Чернихив се такви што жителите во моментов се без вода, греење и струја, додека руските војници го стегаат обрачот околу градот на северот на земјата, пренесува ДПА.
Инфраструктурата на градот е уништена, но во тек се напори да се санираат штетите, напиша регионалниот лидер Вјачеслав Чаус. Снабдувањето со гас е делумно оперативно, додаде функционерот.
Руските војници веќе некое време го држат градот под опсада. Клучниот пат од градот до Киев се наоѓа во близина на руската и белоруската граница. Според градоначалникот Владислав Атроженко, во последните недели биле убиени околу 200 цивили, а повеќе од половина од поранешните 250.000 жители побегнале.