Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

пред 1 година

Четири лица, меѓу кои и 10-годишно девојче, загинаа во руски ракетен напад врз областа Одеса, а уште седум лица се повредени, објави гувернерот на областа Одеса, Олег Кипер.

„Русија го нападна регионот Одеса со балистички ракети „Искандер-М“ од 18 до 18:30 часот по локално време“, изјави Кипер без да прецизира колку проектили го погодиле регионот, пишува Киев Индипендент.

Меѓу повредените има и маж во тешка состојба на кој му се ампутирани долните екстремитети. Според Кипер, во нападот била оштетена транспортната инфраструктура и камионите.

Текстот Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top