Чешка воведува вонредна состојба поради бегалците од Украина

пред 3 години

Чешката влада прогласи вонредна состојба, која ќе стапи на сила утре, поради големиот прилив на бегалци од Украина.

Вонредната состојба ќе трае 30 дена, а владата може да ја продолжи доколку е потребно, јавува Си-Ен-Ен.

Премиерот Петр Фијала претходно изјави дека вонредната состојба се воведува од чисто технички причини, со цел Чешка да се справи со приливот на бегалци и дека тоа нема да има влијание врз граѓаните на таа земја.

Share
Scroll to Top