Шведската премиерка заразена со Ковид-19

пред 2 години

Шведската премиерка Магдалена Андерсон е позитивна на корона вирусот, изјави денеска нејзиниот портпарол.

„Премиерката ги следи актуелните препораки и должноста ќе ја врши од дома. „Таа се чувствува добро, со оглед на ситуацијата“, рече тој.

Андерсон (54) е една од неколкуте членови на Социјалдемократската партија заразени со ковид по дебата во парламентот претходно оваа недела, додека кралот, кралицата и принцезата на Шведска се заразиле на почетокот на овој месец, според Ројтерс.

Шведска бележи рекорден број нови случаи на корона вирусот, околу 25.000, поради ширењето на заразниот сој омикрон, а здравствените власти очекуваат дека врвот на четвртиот бран на епидемијата на крајот на месецот ќе донесе 70.000 нови случаи на ден.

Share
Scroll to Top