Режисерот Емир Кустурица денеска во Белград изјави дека војната во Украина е војна против православието и оцени дека би било подобро кога претседателите од Запад би присуствувале на претходните Паради на победата во Москва наместо „сега да ја гледаат парадата во живо“.
– Војната во Украина, за која со сигурност можеме да кажеме дека е веќе подолго време подготвувана со помош на Пентагон, всушност е војна против православието и сето она што една автентична култура го претставува како главна пречка на патот на трансхуманизмот, претворајќи луѓето во она што е проверено – рече Кустурица во проповедта по повод Светисавската повелба, доделена од Српското просветно-културно друштво „Просвјета“, која денеска му беше врачена во храмот „Свети Сава“ во Белград.
Кустурица оцени дека украинската влада „била пронацистичка и се свртела против народот на Доњецк и Донбас само затоа што сакале пријателство со Русија и да живеат според нивните принципи и култура“.
– Дури сега почнуваме да ја разбираме природата на нацизмот, бидејќи неговите корени се покриени со емоциите на ослободувањето во Втората светска војна.
Кустурица смета дека војната во Босна и Херцеговина и големите светски конфликти се во основа религиозни „како овој во Украина“.
Потсетуваме, на контроверзниот режисер чешкиот фестивал Фебиофест му ја одзеде христијанската награда поради неговата блискост со режимот во Кремљ.