Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

пред 2 недели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.

Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.

„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Текстот Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top