Шпанка чие семејство верувало дека починала од коронавирус ги изненадила роднините кога се вратила дома девет дена откако им било кажано дека е погребана.
По забуната околу името, семејството на 85-годишната Рохелија Бланко било известено дека пензионерката починала од Ковид-19 на 13 јануари, а погребот и бил следниот ден, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на весникот „Ла Воз де Галисија “.
Поради протоколот, семејството не можело да присуствува на погребот за време на епидемијата на коронавирус.
Кога во саботата пристигнала здрава во старечки дом во Хов, на северот од Шпанија, каде што живеел и нејзиниот сопруг Рамон, тој бил вон себе, наведува весникот, додавајќи дека починала жена што ја делела собата со Бланка.
Весникот ја цитираше Фондацијата Сан Росендо, која управува со старечкиот дом, дека настанала грешка кога Бланко и другите жители кои биле позитивни на Ковид-19 биле префрлени во друг дом за стари лица на 29 декември заради специјализирано лекување.
„Меѓу раселените стари лица беа две жени на кои им беше доделена иста просторија“, соопшти фондацијата, наведува „Ла Воз де Галисија“.
Фондацијата изрази жалење за немилиот инцидент, пишува весникот.