Јанша по посетата на Украина: Руската армија никогаш нема да го окупира Киев

пред 4 години

Словенечкиот премиер Јанез Јанша зборувајќи за впечатоците од престојот во Киев, кој во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и разговорите со украинското раководство, рече дека руската војска никогаш нема да го окупира Киев.

Во изјава за Словенечката телевизија, Јанша истакна дека тоа е посета на охрабрување на украинското раководство.

– Таа посета беше демонстрација дека не ја отпишавме Украина – нагласи Јанша.

тој додаде дека бројни дипломати, претставници на меѓународни организации и корпорации се повлекле од главниот град на Украина уште пред нападот на Русија врз Украина.

– За нив тоа беше знак дека не се отпишани, дека не се работи само за поддршка од далеку, туку дека некој верувал дека ќе се бранат и ќе победат – додаде Јанша.

Според него, нападите врз центарот на Киев се релативно ретки и градот не е опколен.

– Киев е напаѓан од исток и од запад, но силите што го напаѓаат градот се премногу слаби за да го преземат. Руската војска никогаш нема да го освои Киев – изјави Јанша.

Share
Scroll to Top