Јапонија воведува вонредни мерки за да го запре ширењето на Ковид-19

пред 3 години

Јапонската влада денес објави дека ќе воведе итни мерки, како што е работа со скратено работно време, и дека ќе побара од луѓето да работат од дома во западниот регион Осака, во обид да се запре ширењето на Ковид-19.

Гувернерот на Осака, Хирофуми Јошимура изјави дека треба да се откажат настаните поврзани со олимпискиот факел во главниот град на таа префектура, еден ден откако беше вклучен алармот поради новиот четврти бран на заразени со коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Мерките за контрола ќе важат во префектурите Осака, Хјого и Мијаги и ќе бидат во сила од 5 април до 5 мај, изјави јапонскиот министер за економија, Јасутоши Нишимура.

Конечната одлука за усвојување на мерките ќе биде донесена на состанок на работната група задолжена за борба против Ковид-19.

Префектурата Осака објави 599 нови случаи, што е близу до рекордот од 654 регистрирани на крајот на јануари, кога Јапонија беше погодена од третиот и најсмртоносен бран на пандемијата.

Share
Scroll to Top