Јапонија ќе користи нуклеарни реактори за да ја намали зависноста од Русија

пред 3 години

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека земјата ќе стартува нуклеарни реактори за да помогне во намалувањето на зависноста на Јапонија и другите земји од руската енергија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ќе користиме нуклеарни реактори со безбедносни гаранции за да придонесеме за глобално намалување на зависноста од руската енергија. Рестартирањето на само еден постоечки нуклеарен реактор ќе го има истиот ефект како испорака на милион тони течен природен гас на глобалниот пазар годишно“, рече Кишида на состанок во Лондон, а пренесува „Ројтерс“.

Јапонија повеќе се потпира на рускиот гас откако ги затвори нуклеарните реактори по катастрофата во Фукушима во 2011 година, во која земјотрес и цунами предизвикаа топење на нуклеарното јадро, со разорни последици во североисточниот регион на земјата.

Share
Scroll to Top