Џонсон : Во случај на напад, Британија ќе и помогне на Шведска доколку треба и воено

пред 3 години

Обединетото Кралство ќе поддржи што и да одлучи Шведска за можното идно членство во НАТО, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на заедничката прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Она што ние експлицитно го кажуваме е дека во случај на катастрофа или напад на Шведска, Обединетото Кралство би ѝ пришло на помош на Шведска со тоа што го бара Шведска. Мислам дека постои одвоено прашање за НАТО што мислам дека Шведска ќе го реши во следните неколку дена“, рече тој, според Гардијан.

Додаде дека не е негово да коментира, но рече дека Обединетото Кралство ќе ја поддржи секоја акција што Шведска ќе одлучи да ја преземе и дека ќе биде од корист и поддршка колку што може.

Џонсон се осврна и на конфликтот во Украина.

„Војната во Украина не принудува сите да носиме тешки одлуки, но суверените нации мора да бидат слободни да ги носат тие одлуки без страв од влијание или закана од одмазда.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон исто така се обрати во врска со билатералната политичка декларација за солидарност потпишана со Борис Џонсон.

Таа истакна дека заедно со Џонсон се договориле да се соочат со предизвиците во мир, криза и конфликт.

„Ако некоја земја претрпи катастрофа или напад, Обединетото Кралство и Шведска ќе си помагаат на различни начини“, посочи Андерсон. Истакна дека поддршката ќе биде дадена на барање на погодената земја и дека таа може да вклучува и воени ресурси.