Џонсон: Путин мора да пропадне

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да пропадне. Џонсон вети дека Велика Британија „ќе продолжи да врши максимален притисок“ врз Русија.

Активностите на Велика Британија и нејзините западни сојузници ќе се погрижат Владимир Путин” да ги почувствува последиците од неговите постапки. Зборуваме со еден глас кога велиме – Путин мора да пропадне – рече Џонсон.

Тоа го кажа пред неговата официјална посета на Полска и Естонија, каде ќе се сретне со лидерите на НАТО.

Џонсон рече дека двете земји се акутно погодени од руската инвазија и дека има заеднички вредности кои се поважни од кога било да се заштитат, бидејќи хуманитарната ситуација се влошува, пренесува „Би-Би-Си“.

Share
Scroll to Top