Џонсон свикал итен состанок поради новиот вид на коронавирусот во Англија

пред 3 години

Британскиот премиер, Борис Џонсон, го повикал кабинетот да присуствува на ненадеен состанок во петокот навечер, на кој би се разговарало за тоа како властите да се справат против новата, по вирулентна варијанта на коронавирусот, пренесува „Телеграф“.

Новите итни ограничувачки мерки може да бидат објавени уште денеска, а би вклучувале ограничувања на патувањето помеѓу југоистокот на Англија, вклучително и Лондон и остатокот од земјата, пишува весникот.

Портпаролот на премиерот вели дека тој не може да ги коментира наводите на весникот.

Британската влада во понеделникот соопшти дека новиот раст на заразени може делумно да се поврзе со новата варијанта на вирусот.

„Телеграф“ во петокот исто така објави дека владините службеници очекуваат одобрување за вакцината на „Астразенека“ / „Оксфорд“ на 28 или 29 декември и дека одобрувањето може да ја забрза кампањата за вакцинација.

Џонсон во петокот изрази надеж дека Англија нема да мора да оди на трето затворање по Божиќ.

 

Share
Scroll to Top