Џонсон се повлекува од преговорите доколку ЕУ не ги исполни британските барања

пред 3 години

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е подготвен да се повлече од преговорите со Европската Унија доколку ЕУ не ги исполни британските барања.

„Тој денес ќе и соопшти на ЕУ дека не е за ненадејни промени, бидејќи е цврст во ставот дека е против 11-часовни брегзит-барања кои пристигнаа од Франција. Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе ги заврши разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од “нечуените’ барања“, пренесува „Ројтерс“.

„Ројтерс“ додава дека претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и Борис Џонсон попладнево ќе разговараат на телефон за трговскиот договор.

Share
Scroll to Top