11 мажи силувале и измачувале девојка цели два месеци – осудени по 20 години затвор

пред 3 години

Единаесет мажи обвинети за киднапирање и групно силување на тинејџерка од Мароко беа осудени на по 20 години затвор, изјави адвокатот на жртвата, во случај кој предизвика гнев на национално ниво.

Кадија Окару, тогаш 17 годишна, опиша како била злоупотребувана во видео објавено на интернет во 2018 година. Таа рече дека членовите на опасната банда ја киднапирале и ја држеле како затвореник два месеци, ја силувале и мачеле.

Видеото покажа и ужасни лузни наводно од изгореници од цигари и тетоважи врежани на делови од нејзиното тело.

Адвокатот на Окару, изјави за АФП дека Кривичниот совет на Апелациониот суд ги прогласил обвинетите за виновни по различни обвиненија, вклучувајќи силување, киднапирање и принуден притвор. Двајца други обвинети се осудени на две години затвор и една година условно, додаде тој.

Адвокатот рекол дека напаѓачите биле казнети и со 200.000 дирхами (околу 19.000 евра).

Според него пресудите се „недоволно тешки“, бидејќи обвинението за трговија со луѓе може да биде казниво до 30 години затвор. Поради тоа, најави дека ќе се жали.

„ Жртвата се уште е на лекување и она што го поминала ќе биде со неа до крајот на животот“ рече адвокатот.

Жртвите на силување во Мароко често се изложени на двојна траума, бидејќи конзервативното муслиманско општество често ги обвинува за она што го доживеале.

Share
Scroll to Top