12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра и ги предало на полицијата

12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра и ги предало на полицијата

пред 5 месеци

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица предало паричник со пари и документи кои ги нашол на улица.

Б.А е добар пример за граѓанин, се вели во соопштението на косовската полиција.

„Добар пример за дванаесетгодишниот граѓанин Б.А од Скендерај, кој вчера вечерта пронашол паричник кој веднаш го предал во Полициската станица во Скендерај“, соопштија од полицијата.

Полицијата ја проверила документацијата во паричникот и утврдила дека покрај важната документација во паричникот имало и парична сума од 2500 евра.

„Полицијата го идентификуваше и верификуваше лицето на кое му припаѓал паричникот и му го врати со парите и документацијата“, соопштија од полицијата.

Текстот 12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра и ги предало на полицијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top