Tрамп призна дека Бајден е победник, но со изборни измами

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат, јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори одржани на 3 ноември, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени“.

„Тој победи затоа што изборите беа наместени“, напиша Трамп на Твитер,  додавајќи дека набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија, Доминион.

Тој во одделен твит наведе дека сите механички застои, кои се случиле во текот на изборната ноќ се направени бидејќи тие се фатени како крадат гласови.

Share
Scroll to Top