Австралија и Нов Зеланд ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина

пред 3 години

Австралија и Нов Зеланд се приклучија кон неколкуте западни земји кои ги предупредија своите граѓани веднаш да си заминат од Украина, по зголемените стравувањата од руска инвазија.

Претходно, апели до своите државјани ги упатија САД, Велика Британија, Летонија и Естонија, Данска, Холандија, но и Македонија, за што побрзо напуштање на Украина.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека ситуацијата во Украина е мошне сериозна.

„Веќе некое време е јасна пораката дека Австралијците во Украина треба да бараат да излезат од земјата“, рече тој.

Министерката за надворешни работи на Нов Зеланд,  Нанаја Махута, рече дека безбедносната ситуација во Украина може да се промени за кратко време и Новозеланѓаните не треба да се потпираат на поддршка при евакуација во овие околности. Континуираното и невидено зголемување на руските воени сили на границата со Украина е длабоко загрижувачко, рече Махута.

Share
Scroll to Top