Алармантна состојба во Калифорнија по горењето на хангар од Втората светска војна, парковите се затворени

Алармантна состојба во Калифорнија по горењето на хангар од Втората светска војна, парковите се затворени

пред 3 години

Парковите и училиштата денеска се затворени во Тастин, Калифорнија, откако властите пронајдоа азбест во јагленосаните урнатини на историскиот хангар од Втората светска војна.

Локалните власти затворија најмалку девет паркови и ги повикаа жителите да ги ограничат активностите на отворено за да ја намалат нивната изложеност на пепел што содржи азбест. Откажана е и манифестацијата по повод Денот на бранителите, планирана за сабота, 11 ноември.

Пожарот избувна во вторникот рано наутро во дрвениот хангар изграден од американската морнарица во 1942 година, а причината за избувнувањето на огнот се уште е под истрага. Регулаторите за квалитетот на воздухот во Јужна Калифорнија ќе продолжат да ги анализираат примероците од областа околу хангарот за отровни гасови и метали, се вели во соопштението на градот.

Текстот Алармантна состојба во Калифорнија по горењето на хангар од Втората светска војна, парковите се затворени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top